Времето до крајот на денот ќе биде претежно облачно со повремени врнежи кои особено на западот и северот ќе бидат од снег и во овие региони ќе се доформира снежната покривка. Во текот на ноќта и на југоистокот понекаде врнежите ќе преминуваат од дожд во снег. Ќе остане ветровито со слаб до умерен северен ветер.

Утре не очекува претежно облачно со повремени локални врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 3 до 6 степени.

Во Скопје, времето ќе биде облачно со повремен локален снег во делови од регионот. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 4 степени.

Од среда следува период на стабилно, суво и ветровито време со умерен до засилен северен ветер. Минималните температури насекаде ќе бидат под нулата, а најстудено ќе биде во четврток и петок кога утринските температури на места ќе се спуштаат и под -10 степени, а дневните понекаде ќе останат негативни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.