Поради дефект на затворач ф-80 милиметри на улица „Дрезденска“ број 8, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа и од улиците „Алжирска“, „Каирска“, „Борка Талевски“, „Римска“, „Бахар Моис“, „Панче Пешев“ и „Наум Евро“ и дел од „Њуделхиска“, „Анкарска“ и „Атинска“ во реонот околу Млечен реторан во Општина Карпош.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот, па до завршување со санација на дефектот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.