Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, соопштува и дека утре поради отстранување дефект на водоводен затварач, шибер со пречник од Ф 80 мм на улица „Прохор Пчински“ 7, од 09 часот до завршување со активностите, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците самата улица и улица „Самоилова“.
Исто така поради отранување дефект на водоводен затварач (шибер) со пречник од Ф150мм, на улица Питу Гули 6 до Американската резиденција, од 08:30 часот до отстранување на на дефектот со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците: „Питу Гули“, „Ганчо Хаџипанзов“, „Капиштец“, „Димитар Пандилов“ и делови од улица „Загрепска“ и улица „Леринска“.
Во посочениот период за населението ќе биде обезбедена цистерна со питка вода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.