Утрово е студено, а преку ден ќе биде сончево со слаб ветер од северен правец. Минималната температура е во интервал од три до 13, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени Целзиусови.
Во Скопје сончево со слаб ветер од северен правец. Минималната температура се спушти до осум, а максималната ќе достигне до 26 степени Целзиусови.
УХМР информира дека следува период на стабилно и релативно топло време. В недела попладне и во понеделник облачноста ќе се зголеми, ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер и дневната температура ќе опадне за пет до седум степени.
Од вторник температурата повторно ќе биде во постепен пораст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.