Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. До крајот на денот ќе биде значително облачно. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 19 до 24 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 22 степени.
За време на викендот ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и обилни (над 35 л/м2), особено од сабота кон крајот на денот до недела претпладне. Во сабота ќе дува засилен, повремено силен ветер (над 65 км/час) од југоисточен правец. Дневната температура до недела насекаде ќе опадне за околу 10 степени
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.