Долж Повардарието наместа утре повремено ќе засилува северен ветер. Од почетокот на неделата облачноста ќе се зголеми и во вторник ќе има појава на врнежи дожд. Во деновите потоа ќе има слаби услови за појава на краткотраен дожд, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималните температури утре ќе изнесува до – 3 степени, а максималните до 19. Слични температури УХМР прогнозира и за следната недела, утринските до – 5, а дневните до 17.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.