Пожарникарите во скопскиот регион изминатото деноноќие интервенирале на запалено ѓубре во општините Арачиново и Шуто Оризари. Од страна на Дирекцијата за заштита и спасување биле подигнати уште 32 стари пушки и една рачна граната од балканските војни на битолска територија, соопшти утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК).

На локација каде се гради нов објект на Територијалната противпожарна единица – Битола во поранешната касарна, вчера биле подигнати уште 32 стари пушки и една рачна граната од балканските војни. Вкупно со претходните неколку денови, неделава, како што истакнуваат од ЦУК, на таа локација досега се пронајдени вкупно 2.871 пушка.

Пренесени се во магацин и со нив ќе се постапува според стандардните безбедносни оперативни процедури предвидени за вакви случаи. Граѓаните, ако случајно пронајдат оружје, бомби, гранати и слични неексплодирани убојни средства, од безбедносен аспект за нив и околината, важно е да не ги фаќаат и да не ги поместуваат. Едноставно да ги пријават локацијата и виденото на 112 во ЦУК, за надлежните безбедно да ги отстранат и да ги неутрализираат, се наведува во соопштението.

Од ЦУК потсетуваат дека утре и задутре во раните утрински часови, планирано е да се реализира авионската дезинсекција на скопска територија.

ЦУК



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.