Околу 15 април силен циклон од Атлантикот ќе ја зафати Европа и ќе донесе обилни дождови и посилно заладување, а овој циклон ќе донесе силна промена на времето и во македонија. Претходно во нејзиниот преден дел јужната струја од северот на Африка ќе донесе уште потопла воздушна маса, па во понеделник на 15 април максималната температура ќе има вредност околу 30 степени Целзиусови.

Потоа од вторник 16 април ќе има засилена облачност и заладување со врнежи од дожд и грмежи. Температурата значително ќе опадне. Според денешните прогнози, среда, 17 април, ќе донесе многу силно заладување и пад на температурата за 15-20 степени во однос на претходниот период, така што максималната температура ќе биде под 10 степени Целзиусови.

Се очекуваат многу обилни врнежи, а на планините ќе врне снег, а температурата ќе биде под нулата.

За можното есенско зимско сценарио свои прогнози даде и метео прогнозерот Славчо Попоски.

Се поизвесно е дека промената на времето ни доаѓа наредната седмица, а веќе во периодот од 15 па се до 22 април би имале и поладно време, понекаде дури и со потпросечни температури, но и почести врнежи. Поради падот на температурите, понекаде во Европа и кај нас на Балканот би можел да се појави дури и пролетниот снег, особено секако на планинските места. Не се исклучува можноста снежната граница да се спушти и нешто пониско, во зависност од тоа како би се движел ладниот воздух кој би се спуштил преку Атлантикот и од северозападот на Европа, вели метеорологот Славчо Попоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.