Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Од пладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и изолирана појава на град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени. УВ индексот ќе биде 6.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, од пладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Од петок под влијание на јужно воздушно струење времето ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и краткотрајно невреме.

УХМР најавува дека во сабота нè сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе се движи од 9°C до 16°C, додека пак максималната 26°C до 34°C.

Во недела, ќе имаме сончево и топло време, додека пакм во попладневните часови се очекува локална појава на пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се движи од 10°C до 18°C, додека пак максималната 28°C до 35°C.

По викендот, во понеделник се очекува иста временска прогноза, но малку потопло. Минималната температура ќе се движи од 11°C до 20°C, додека пак максималната од 29°C до 36°C.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.