Топол бран со високи утрински и дневни температури ќе се задржи и во следните денови на подрачјето на државава, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Минималните температури утре ќе се движат од 13 до 22 степени, а максималните од 32 до 42 степени. Во Скопје утре минималната температура ќе достигне до 19 степени, а максималната до 39 степени.
Долж Повардарието утре кон крајот на денот ќе дува засилен северен ветер и ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Нестабилност на повеќе места се очекува во среда и во четврток во попладневните часови, информираат од УХМР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.