Активни пожари со голем замав моментално во светиниколските села Строиманци, Горно Ѓуганце и Ерџелија, предупредуваат жителите од светиниколскиот регион.

Тие апелираат дека е потребна механизација кај Градиште, а моментално пламените јазици се на Говедар камен и во атарот на селото Строиманци!

-Секој што сака да помогне нека се упати во ТППЕ Свети Николе. Потребни се вода, млеко, јогурт, храна во поголеми количини, бидејчи на терен се ТППЕ, ДПД , ДЗС, волонтери, армијата – стои во апелот!

Има информација за запалени куќи во селото Горно Ѓуганце. Граѓаните предупредуваат дека пожарот оди и кон селото Ранченци, каде може да настрада и стариот манастир Света Недела.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.