Овој викенд стрелите на часовникот ќе се вратат еден час назад, односно во недела во 3 часот наутро ќе се смета дека е 2 часот, што значи дека останува зимското сметање на времето.

Од Владата информираат дека анализите подготвени од Министерството за економија покажале дека треба да остане дологодишниот системот за промена на времето.

Иницијативата да не се менува часовната зона потекна пред две недели на седница на Владата, а веќе утредента премиерот Димитар Ковачевски изјави дека тој преферира да остане летното сметање на времето. Неколку дена подоцна министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека на министерството му б биле потребни и консулстации со МАНУ и Бирото за метеорологија. Веројатно и по тие консултации е дојдено до сознанието дека е подобро да остане зимското сметање на времето.

Инаку, Македонија во зоната „Гринич +1“, а со менување на часовната зона во „Гринич +2“ би влегла во источно – европската временска зона во која се Бугарија, Грција, Романија и други држави.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.