Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 10, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Следува период на стабилно време со ниски утрински температури, а дневните од четврток ќе бидат во пораст. За време на викендот по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.