Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура е во интервал од 7 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени Целзиусови. УВ=9

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 35 степени Целзиусови.

И во недела ќе се задржи стабилно и топло време со пониски утрински температури. Во понеделник ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во деновите потоа ќе има повторно стабилизирање на времето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.