Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 21 степен.
До крајот на неделава времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура, освен во сабота, кога кон крајот на денот ќе има услови за локален дожд и ретки грмежи. Позначителна промена на времето се очекува во почетокот на следната седмица, проследена со зголемена облачност, врнежи од дожд, засилен ветер и опаѓање на температурата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.