Во текот на ноќта и претпладнево е облачно со пообилни врнежи од снег на повеќе места, а во средниот и долниот дел на Повардарието со врнежи претежно од дожд.
Висината на снежната покривка утрово во 7 часот изнесуваше 75 сантиметри на Попова Шапка, 61 во Маврови Анови, 58 во Крушево, 37 во Пожаране, 30 во Ѓуриште, 17 во Битола и Претор, 14 во Скопје, 4 во Тетово и Прилеп, 3 Охрид, 2 Берово и 1 сантиметар во Крива Паланка.
Минимални температури утрово се движеа од -6 на Попова Шапка, -4 Маврови Анови, -3 во Kрушево, -1 во Скопје, Прилеп и Претор, 0 во Петровец, Тетово, Битола, Охрид, Штип, Крива Паланка, Берово и Демир Капија, 1 во Виница, 3 во Струмица и Дојран и 4 степени во Гевгелија.
Во текот на денот ќе биде облачно и студено со врнежи од снег, а во централниот и долниот дел на Повардарието претежно од дожд. Пообилни врнежите се очекуваат во претпладневните часови, па до пладне снежната покривка во голем дел од земјава ќе се зголемува. Максималната температура ќе достигне од 1 до 6 степени.
Во Скопје облачно со врнежи од снег, особено претпладне и максимална температура до 4 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.