Студениот бран што ја зафати Европа од денес пристигна и во Македонија и донесе снег на планините, особено во западните и во северозападните предели од Македонија.

Снежна бајка утрово на Лабунишки Бачила, Јабланица, Струшко. Снег има и на Скијачките центри, односно на Попова Шапка и Маврово.

Врнежи од дожд и снег на планините ќе има и денес, како и во следните денови, особено за време на викендот кога очекуваме нови поинтензивни врнежи. На планините, особено на оние со поголема надморска височина, и особено во западните и во северозападните предели ќе се формира и снежна покривка.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.