– Денес и утре времето во Македонија ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди и со повремен локален дожд, како и со услови за ретка појава на грмежи. Денес ќе дува и засилен ветер од јужен правец. Температурите ќе бележат тенднција на понатамошен пораст и денес ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени, додека утре истите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени – вели во својата најнова прогноза Славчо Попоски.

Според Попоски, потоа, Велигден, времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен пороен дожд и грмежи, како и засилување на ветерот. Што се однесува до температурите тие ќе бидат во поголем пораст и речиси ќе бидат летни и ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени, додека во најтоплите предели исите се очекува да се искачат дури и до околу 30 степени.

Утринските температури исто така ќе бидат повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 8 степени. Потоа по Велигден, односно до крајот на следната недела барем одсега гледано ќе се задржи доста топлото време, иако повремено ќе има услови за попладневна локална нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.