Во недела не очекуваат поројни дождови. Според прогнозата на Славчо Попов температурите ќе растат, а недела ќе биде единствениот ден со дождови.

– Во следниот период и понатаму ќе имаме стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Исклучок ќе биде недела кога во попладневните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите и понатаму ќе бележат тенденција на пораст, а особено топло ќе биде за време на викендот кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 39 степени. Во Скопје и околината продолжува стабилното, суво и сончево време со услови за попладневна локална нестабилност во недела. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 31 и 35 степени, вели метео прогнозерот Славчо Попоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.