До среда ќе се задржи сончево и многу топло време со високи утрински и дневни температури и со висок УВ индекс, а ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. Особено топло ќе биде во вторник. Во среда ќе почне да дува силен западен до југозападен ветер кој ќе услови постепено спуштање на температурата.

Прогноза за 25.07.2023

Минимална температура: 14°C до 23°C

Максимална температура: 36°C до 42°C

Сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец кој краткотрајно ќе засилува најпрвин во западните, а потоа вдолж Повардарието. УВ=10

Прогноза за 26.07.2023

Минимална температура: 15°C до 24°C

Максимална температура: 35°C до 42°C

Сончево и многу топло. Ќе биде ветровито и ќе дува умерен до повремено силен југозападен ветер, а само на југоистокот ветерот ќе биде југоисточен. УВ=8

Прогноза за 27.07.2023

Минимална температура: 13°C до 22°C

Максимална температура: 30°C до 38°C

Сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој вдолж Повардарите и во источните делови ќе биде зассилен. УВ=10



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.