Главниот град Скопје и денеска беше меѓу најзагадените во Европа, и меѓу 20-те најзагадени во Светот.
Во Европа Скопје беше на четвртото место по загаденост после Сараево, Минхен, Милано.
На светско ниво, Скопје беше на 19. место.
Најзагаден град утрово беше Лахоре во Пакистан, а после него Киншаса во Конго, па Њу Делхи (Индија).
Дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт и не се прави ништо. Нема нови автобуси, нема еколошки транспорт, нема ниту нови зелени површни, паркови, засадени дрвја. Депониите не се чистат, ѓубре има на секој чекор, не гледаме ниту еден еколошки проект ниту пак мерки за намалување на загадувањето, реагираат од Бихаќка.
Дури и долгорочните проекти за еколошки јавен транспорт како на пример проектот БТР со целосно обезбедени пари, ВМРО-ДПМНЕ ги запре. Поразително е тоа што власта на ВМРО-ДПМНЕ не прави ништо додека граѓаните дишат загаден воздух, пишаа во соопштение од СДСМ.
Сега, реагира за ВМРО-ДПМНЕ кои се 4 месеци на власт. Гледано математички, во однос на битката за чист воздух, СДСМ губи 21:1 според тоа колку беше на власт споредено со ВМРО, а со тоа и со учинокот за воздухот кој денеска го дишеме….
Партијата додека беше на власт правеше се освен што се бореше за почист воздух. Додека се трошеше на се друго, за воздухот не остана ништо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.