Јавното претријатие за водовод и канализација „Шар“ од Тетово информира дека ќе се воведат рестрикции во водоснабдувањето од 13 до 15 часот.

Причината е во тоа што повторно е исклучен дотокот на вода од новиот систем што зема вода од Лешница, а градот се снабдување само со водата што доаѓа од планинските извори.

Водоснабдувањето на градот Тетово е намалено и моментално издашноста на изворите е 162 литри. Поради ова, се до решавање на проблемот, ќе се воведат рестрикции во периодот од 13:00 до 15:00 часот, информираа денеска од ЈП „Шар“.

Од претпријатието информираат деказаедно со општинскиот инспекторат и Секторот за внатрешни работи Тетово откриле дека приватна компанија на булевар.„Видое Смилевски-Бато“ (Индустриска) нелегално се приклучиле на водоснабдителниот систем за што ќе поднесат тужба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.