Времето во Македонија во утринските часови ќе биде со зголемена облачност, а во текот на денот сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец, особено долж Повардарието, каде на места ќе засилува. Во Скопје преку денот сончево со умерена облачност и со умерен северозападен ветер.

Дневната температура во Скопје ќе биде 26 Целзиусови степени, Маврово 21, Охрид 25, Битола 26, Крива Паланка 23, Берово 22, Кавадарци 27, Дојран 29.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во југоисточните делови процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, во текот на ноќта со пороен дожд.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.