Целиот регион вклучително и Макеоднија се под влијание на многу силен циклон, што има за последица овој месец да минува во многу променливо време и посвежи температури од просекот за овој период од годината.

До средината на оваа недела и на грчкото крајбрежје се очекува многу променливо време, особено на подрачјето на Јонското Море и на Халкидики.

Грција на почетокот на неделава ќе биде под влијание на силен циклон со пообилни врнежи од дожд и појава на грмежи. Најобилни врнежи се очекуваат на островите во Јонско Море и на северозападниот брег, на север и североисток и на подрачјето на Халкидики и Олимпискиот регион.

На одредени локации се очекуваат и над 100-150 литри на метар квадратен, особено во северозападните предели на Грција, со можност за локални поплави и порои. Ќе дува силен и бурен јужен ветер кој ќе носи повеќеметарски бранови.

По средината на оваа недела се очекува стабилизирање на времето. Грчкото крајбрежје ќе има сончево и топло време со температура од 24 до 30°C, а посвежо ќе биде само на островите во Егејското Море, со температури до 22°C, пред се поради ефектот на ладење од постуденото море.

Потоа до крајот на мај се очекува претежно сончево и топло време со умерен, а на островите и засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде претежно од 25 до 30°С.

Температурата на Егејското Море деновиве е од 15 до 17°С, а на Јонското од 17 до 19°С. Кон крајот на мај температурата на Јонското Море би била од 20 до 22°С, а на Егејското Море од 18 до 20°С, пишува „Телеграф“.рс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.