Од рано утрината се чистат сите патишта во селата во Поткожувјето и сите патишта се проодни. За ова попладнево информираше Гоце Ангеловски, директор во кавадаречкото Јавно претпријатие „Комуналец”.

-Ќе се чисти со два камиона и во попладневните часови, ќе се интервенира со сол и ризла во планинските села, додека низ градот исто така во попладневните часеви ќе се фрла сол, поради ниските температури што се очекуваат вечерва и во наредните денови. ЈП „Комуналец” е спремно да се справи со снегот и ниските температури. Дежурните служби во соработка со Општина Кавадарци се во постојана комуникација како со останите институции од градот, така и со самото население, околу тоа каде има потреба од интервенции, појасни Ангеловски за МИА.

Тој додаде дека ќе има интервенција со сол на патните правци кон селата Страгово, Крњево, Бохула, Чемерско, Бошава, Конопиште, Михајлово, Мрежичко, Рожден, Мајден, Бојанчиште, Куманичево, Драгожел, Гарниково, како и кон сите низински села, секаде каде што ќе има потреба.

Од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев, исто така, известија дека зимската служба на ЈП „Комуналец” Кавадарци од рано утринава е на терен, работи на расчистување на патот кон Михајлово со ризла и посолување, поради обилните врнежи од снег.

– Исто така се чистат и патните правци до сите села, како и патните правци во градското подрачје, соопштија од кабинетот на Јанчев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.