Поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа од ф – 200 мм на улица „Димо Хаџи Димов бб“ – во близина на комплекс Шампионче, денеска во периодот од 09 часот до завршување на активностите без вода ќе останат дел од корисниците од улицата.
Од ЈП „Водовод и Канализација“ информираат дека во истиот период без вода ќе останат и корисниците од улица „Тодор Александров“ бр.67 и „Партениј Зографски“, во општина Центар.
Во период од 08:30 часот прекинато водоснабдување ќе имаат и корисниците од улиците „Бетовенова“ и „Александар Бујнов“ во општина Бутел.
Од ЕВН Македонија АД, пак, информираат дека денеска без електрична енергија во периодот од 09 до 15:30 часот, ќе бидат корисниците од селата Кучково и Грачани, во општина Ѓорче Петров. Исто така, во периодот од 10 до 14 часот, без струја ќе бидат корисниците од улица „Тодор Александров“ лоцирани на потегот од ОУ „Кочо Рацин“ до маркет Водно во Центар, а во периодот од 12 до 14 часот, дел од корисниците од улиците „Багдадска“, „Дрезденска“, „Рузвелтова“, „Борка Талески“ и „Ристо Равановски“, во општина Карпош
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.