Времето утрово ќе биде студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 14 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен до повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Ќе дува засилен до силен северен ветер, наместа со брзина и над 80 км/час. На планините претежно во западните делови повремено ќе провејува снег. Во следните денови се очекува стабилно време. Утринските температури во четврток во повеќе места ќе се спуштат под нула, а дневните ќе бидат во пораст.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.