Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје умерено облачно со засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 32 степена.

Од утре следува период на стабилно време со јужен ветер и со пораст на температурата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.