Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за локални слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, соопшти УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.

Во Скопје променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 16 степени.

Од УХМР информираат дека следува период на променливо облачно време со сончеви периоди, освен во недела, кога се очекуваат повремени локални врнежи од дожд. Дневните температури ќе бидат без значителни промени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.