Времето денеска ќе биде променливо облачно, а од пладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен.

Во Скопје времето претпладне ќе биде променливо облачно, а од пладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Во текот на следната седмица ќе преовладува претежно стабилно време, на места со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.