Периодот на многу топло време продолжува и во наредните денови, соопшти УХМР. Насекаде ќе биде активно жолто ниво на опасност од висока температура.

Во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе имаат форма на невреме, особено утре и во сабота.

Минималните температури ќе бидат во интервал од 13 до 24, а максималните ќе достигнат до 38 степени./



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.