Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени Целзиусови. УВ индексот ќе достигне до 7.
И во Скопје претпладне ќе биде сончево со слаб северен ветер, а од пладне ќе има развој на нестабилна облачност со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 30 степени.
Утре ќе дува засилен северен ветер, а претежно во планинските подрачја ќе има појава на краткотраен дожд. Од недела следува период на претежно стабилно време со постепен пораст на дневните температури
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.