Времето денеска претпладне ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за изолирана појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 39 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.
Во Скопје и околината ќе сончево со мала облачност, а доцна попладне и во вечерните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне до 37 степени.
Утре уште околу пладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за изолирана појава на град. Потоа во следните денови ќе преовладува сончево време, со изолирана појава на нестабилна облачност, пороен дожд и грмежи во попладневните часови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.