Под влијание на нов топол бран од Африка, за време на овој викенд времето повторно во Македонија ќе биде значително потопло со натпросечни температури на воздухот, и тие ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени. Времето ќе биде претежно сончево, со појава на мала до умерена локална облачност.

 

Сепак во недела ќе биде и ветровито, односно на повеќе места ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Во Скопје и околината ќе имаме слично време, со температура која ќе се искачува во интервалот помеѓу 25 и 26 степени. Во недела и во Скопскиот регион повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.

 

Уживајте во прекрасното време почитувани овој викенд, и секако искористете го за прошетка или пак за правење на скара во природа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.