Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, претпладне долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.

Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Според прогнозата на УХМР, во петок ќе дува засилен јужен ветер, а попладне под влијание на нов влажен и студен бран ќе има врнежи од дожд, пообилни во ноќните часови кога на планините ќе преминат во снег.

За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и студено време со засилен, повремено силен северен ветер. Ќе има и локални слаби врнежи претежно на повисоките места и на планините каде ќе бидат од снег, соопштуваат од УХМР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.