Облачното време со сончеви периоди кое е предизвикано од сахарската прашина која веќе неколку дена е присутна на Балканот продолжува и денеска.

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) велат дека во текот на денешниот ден и во текот на ноќта ќе има зголемена концентрација на сахарска прашина над целата територија на Македонија.

Според прогнозата на УХМР утре во претпладневните часови во северозападните делови ќе има локален слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец.

Потоа до крајот на неделава времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, освен во четврток, кога ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Дневните температури до четврток ќе опаднат за неколку степени, а потоа ќе бидат во пораст, особено во деновите од викендот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.