Објавен е официјален извештај за тоа што се случувало ноќта меѓу петокот и саботата на 5-тиот кат во ноќниот клуб во центарот на Прага, каде загина 17-годишен средношколец од Хрватска, кој со соучениците бил на ексурзија во главниот град на Чешка.

Полицијата преку изјава на очевидец утврдила дека се работи за несреќен случај. Младиот човек ја прескокнал оградата на балконот покрај ресторанот на петтиот кат и најверојатно сакал да изведе „паркур трик“. Станува збор за вештината на надминување одредени пречки. За жал, при тој скок тој паднал низ отворен простор, изјави за ХРТ хрватската амбасадорка Љиљана Панчиров.

Таа додаде дека обдукцијата многу брзо ќе биде завршена и дека од утре ќе може да се организира враќање на телото на младиот човек во Хрватска.

Во средното училиште „Мате Балота“ од Пореч е организирана психолошка поддршка за учениците и наставниците.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.