Поради верскиот празник Задушница, eдиницата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје преземa мерки за посебен режим на сообраќајот на подрачјето на град Скопје.
Со почеток од 06.00 часот сообраќајот кон Градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатат по ул. „Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробишта Бутел, а за излез од гробиштата, десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“., се вели во соопштението од МВР.
Оттаму додаваат дека посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во околината на гробишта Камник и Ѓорче Петров.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.