Продолжува периодот на МНОГУ ТОПЛО ВРЕМЕ и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени, додека мал пад на температурите и тоа за околу 3 степени ќе има од средината на оваа седмица и тогаш температурите ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 36 степени. Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

Денес во западните предели, а од среда и во останатите предели ќе има појава на попладневна и вечерна локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во Скопје и околината времето ќе бде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Во следниот период во попладневните и во вечерните часови и во Скопскиот регион ќе има услови за локална нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 33 и 35 степени. Ув – индексот ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент 8, вели метеопрогнозерот Попоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.