Кумановските села Орашец, Шупли Камен и Добрашане, како и селата Дрење, Киселица, Голема и Мала Црцорија, Трново, Слатино, Крстов дол и Подржи коњ во општина Крива Паланка поради обилните врнежи моментно се без електрична енергија, соопшти ЦУК.

Повикувајќи се на своите регионални канцеларии, ЦУК информира и дека екипи на „Македонија пат“ го расчистувале патниот правец А2 од местото викано Четал кон Кратово и општина Пробиштип каде имало поситни одрони, но сообраќајот се одвивал редовно со претпазливост и внимателно возење.

На територијата на Град Скопје, како резултат на интензивните врнежи паднато е суво дрво на булеварот „Свети Климент Охридски“, но не е причинета материјална штета. Известено е ЈП „Паркови и зеленило“ за преземање мерки кои се во негова надлежност.

Во останатите делови од државата поројниот дожд не предизвикал штети и застои.

-РЦУК Тетово известува дека во регионот што го покривара ПОРКОА РЦУК Тетово нема штети предизвикани од невремето. Во моментот има врнежи од дожд кои се со слаб интензитет. РЦУК Велес известува дека во регионот што го покрива ПОРКОА РЦУК Велес нема штети предизвикани од невремето. Сите патни правци се проодни, нема прекини во комуналната свера. Времето е стабило со дожд со слаб интензитет. РЦУК Струмица известува дека нема обилни врнежи од дожд и невреме, поплавени улици, поплавени куќи, поплавени подруми, одрони на одредени патни правци. РЦУК Битола известува дека нема некои посериозни последици од обилните врнежи. РЦУК Штип известува дека во моментот нема никакви пријавени настани, сите патни правци се проодни и нема поплавен објект. РЦУК Охрид известува дека нема обилни врнежи од дожд и невреме, поплавени улици, поплавени куќи, поплавени подруми или пак одрони на патна инфраструктура, наведува ЦУК во денешната вонредна информација за состојбата до 12 часот.

Изминатото деноноќие на територијата на Куманово паднале 52 литри на метар квадратен дожд.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.