Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, ретки грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степени Целзиусови. УВ-индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 29 степени Целзиусови.

Од денеска попладне и во понеделник ќе дува засилен северозападен ветер што ќе услови опаѓање на температурите, а од среда ќе бидат во постепен пораст и ќе преовладува стабилно и топло време.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.