Времето денеска сончево со мала до умерена облачност. Во западните делови ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен правец. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а ќе има и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 32 степени. УВ ќе биде 6, информираат од УХМР.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

-Утре во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, ретки грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Од утре попладне и во понеделник ќе дува засилен северозападен ветер што ќе услови опаѓање на температурите, а од среда ќе бидат во постепен пораст, соопштуваат од УХМР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.