Полициски хеликоптер денеска учествувал во гасење на три пожари.

Во раните утрински часови полициски хеликоптер од типот Бел-412 со хеликоптерот Х215 од хеликоптерската единица на Српското министерство за внатрешни работи почна да дејствува на пожарот на Илинска планина.

Во текот на денот, по разгорување на пожарот на Беласица хеликоптерот беше упатен да дејствува врз овој пожар, а потоа и врз пожарот што изби во атарот на село Градманци, општина Петровец.

Во текот на денот на пожарите се дејствуваше во 30 налети при што се исфрлени 45 тони вода – велат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.