Во попладневните часови во текот на утрешниот ден, најпрво во западните делови, а во текот на ноќта и во останатите делови на земјата се очекуваат врнежи од дожд, а на планините од снег. Од вторник, снегот ќе се прошири и во некои од пониските места.

Во вторник и среда ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.

– Утре претпладне по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Попладне најпрво во западните, а во текот на ноќта и во останатите делови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, каде што ќе се формира нова снежна покривка, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Наместа врнежите ќе бидат со пообилен карактер (над 20 л/м2), особено утре во текот на ноќта и во вторник претпладне.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.