Менувањето на часовникот во Македонија  се случува двапати годишно – последниот викенд во март се префрламе на летно сметање на времето, додека последниот викенд во октомври започнува зимското сметање на времето.

Преминувањето на летно сметање на времето ќе се изврши ноќта од сабота, 30 март, кон недела, 31 март, со поместување на часовникот од 02:00 до 03:00 часот.

Така, на 31 март во 2 часот по полноќ, часовниците се поместуваат еден час напред и започнува летното сметање на времето.

Ќе се вратиме на зимското сметање  на 27 Октомври



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.