Поради повеќедневно присуство на постабилна воздушна маса во следниот период времето ќе биде натпросечно топло и претежно сончево, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во следните денови ќе има периоди со мала умерена локална облачност, а во попладневните часови и особено во понеделник ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Од почетокот на следната седмица, дневните температури насекаде ќе бидат над 30 степени, а во средината на неделата наместа во југоисточните делови ќе достигнуваат до 40 степени.

Во Скопје и регионот, времето ќе биде многу топло и претежно сончево. Услови за краткотрајна нестабилност има особено во понеделник, а најтопло се очекува на средината од следната недела.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.