Во понеделник е неработен ден и државен празник, а воедно тоа е и последниот споен викенд за оваа година.
Во согласност со Законот за празниците на Република Македонија, до крајот на 2022 година остануваат уште овие неработни денови:
За сите граѓани на РМ
23 октомври (недела), Ден на македонската револуционерна борба, односно 24 октомври (понеделник) е неработен ден,
8 декември (четврток), Св. Климент Охридски.
За граѓаните од католичка вероисповед
1 ноември (вторник), Празникот на сите светци,
25 декември (недела), првиот ден на Божик.
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
22 ноември (вторник), Ден на албанската азбука.
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
21 декември (среда), Ден на настава на турски јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.