Рестрикции во водоснабдувањето се воведуваат во Росоман, поради недостаток на вода за пиење, информираа попладнево од росоманската локална самоуправа.
Веќе извесен период високите зони во село Росоман се соочуваат со проблеми во водоснабдувањето, па заради тоа ЈПКД „РОСОМАН” – Росоман почнувајќи од денеска, ќе врши рестрикции во водоснабдувањето. Во деновите понеделник, среда, петок и недела во период од девет до 21 часот, без вода за пиење ќе бидат улиците „Гоце Делчев”, “Страшо Пинџур”, „11 Октомври”, „Цандо Кузманов” и делови од улиците „Партизанска” и „Душан Ќириќ”, соопштија од Општина Росоман.
Улицата „Пере Тошев” и дел од улицата „Маршал Тито” во понеделник, среда и петок, без вода за пиење ќе бидат во периодот од 15 до 21 часот, а во недела од девет до 21 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.