Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози, сооштува АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ времето на чекање за влез и излез од државата изнесува околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Поради асфалтирање на регионалниот пат Р1102 Велес – Градско, уште денеска делницата ќе биде затворена за сообраќај во периодот од 08:00 – 18:00 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.