На патните правци крак Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража од вечерва е воведена забрана за сообраќај на тешките товарни возила, соопштија од АМСМ.

Од 20:00 ч. сите тешки товарни возила кои се движат преку планискиот превој Плетвар мора да имаат поставено зимска опрема (синџири) известуваат од АМСМ

Воедно, од таму препорачуваат на прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.